fbpx

По позитивниот тест на Ковид-19, конечно се огласи Цеца

Фолк-ѕвездата Цеца Ражњатовиќ потврди дека таа и нејзиниот син Вељко се позитивни на Ковид-19 и дека во наредните две недели ќе бидат во домашна изолација.

– На повторениот тест, Вељко и јас сме позитивни. И двајцата се чувствуваме добро, немаме никакви симптоми. Ќе бидеме во домашна изолација до наредното тестирање – изјави Цеца за „Блиц“.

Популарната пејачка одлучи да се тестира по прославата во нејзиниот дом на Дедиње за раѓањето на внукот, откако била во контакт со заразена личност. Прво направила серолошки тест, кој покажал дека е негативна на вирусот. Денес, пак, ѝ бил изработен ПЦР тест, со земање на брис од грло и нос, кој покажал дека е инфицирана.

Следни Објави

Ме гледаат секој ден, ама не се свесни дека тоа сум јас: Интервју со Lide Lide

Со цел да ја задржам мојата приватност по огромната популарност, не сакам да откријам што точно работам. Но, ќе ви откријам дека мојата работа е таква што на дневно ниво опфаќа справување со секакви будали, психопати, „хиени“ и мажи кои ме сметаат за конкуренција. Само, последниве месец дена сум полабава […]