Неверувањето во вирусот не е последица само на непознавањето на вирусот, туку и избор, вели д-р Злате Мехмедовиќ, екс директор на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје во интервју за ТВ 24.
– Убедувањето дека вирусот не постои е и психолошка состојба која е резултат на континуиран стрес и всушност преставува избор на поединецот да ја негира реалната состојба со цел да се заштити себе си од стресната реакција која е предизвикана од секојдневните информации за коронавирусот. Затоа кампањите за информирање треба да бидат умерени, и секако важен елемент е што ќе содржат тие кампањи од медицински и социјален аспект – објаснува тој.
Д-р Мехмедовиќ вели дека живееме во општество кое изобилува со културолошки, верски, етнички, политички разлики и сите тие го детерминираат однесувањето на граѓаните.
– Тие не можат и не мораат да знаат во детали (медицински, виролошки, епидемиолошки) колку е опасен вирусот, но треба да се информирани. Должни сме таа информација да им ја приближиме на граѓаните и да им ги укажеме последиците – нагласува тој.