Министерот за здравство Венко Филипче денеска првпат повиши тон на прес-конференција осудувајќи ги луѓето кои особено изминатиов период во некои региони и средини не сакаат да соработуваат и споделуваат неточни нформации.
– Не може да ставаме ние здравствени работници во изолација и да не одат на работа сега кога најмногу се потребни на здравствениот систем, заради тоа што некој не ја кажува вистината. Тоа е апсолутно недозволиво. Тоа е загрозување и на здравствениот систем и на јавното здравје и се разбира на индивидуалното здравје на здравствените работници. Имаме родилка на гинеколошката клиника која не кажала. Слични случаи во гинеколошката болница во Чаир. Тоа не смее да се случува – кажа Филипче.
Тој едноставно не може да сфати како и покрај забраната луѓето прават масовни собири.
– Ги осудувам. Јасни се мерките. Не може да се прави свадби кога тоа е забрането. И згора на тоа да не се соработува и да се покажуваат погрешни контакти – порача тој.
Можеби ќе ве интересира:
Лекарите открија: Пред вирусот да се развие, се појавува овој симптом!