Информацијата за прераната смрт на младиот фолк-пејач Емрах Мехмеди денеска ја вознемири јавноста, а болката ја споделија и повеќе музичари од естрадата.
Благоја Грујовски истакна дека тој и колегите изгубиле пријател и прекрасна личност.
„Ах, бе Емрах.. Зар вака требаше да заминеш! Немам зборови да искажам колку жалам. Почивај во мир убаво дете. Најдлабоко сочувство до фамилијата и цела Жировница и Река“, напиша тој на „Фејсбук“.
Мехмеди го загуби животот во бизарна несреќа, местејќи антена на покрив. Беше син единец и е татко на две мали дечиња.
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Најдобрите фризури за жени над 40 години
Лекарите открија: Пред вирусот да се развие, се појавува овој симптом!