fbpx

Штама во Жировница: Македонските пејачи се простуваат од Емрах

Не стивнуваат реакциите по вчерашната бизарна несреќа во која животот го загуби младиот пејач Емрах Мехмеди.

По емотивната посвета на Благоја Грујовски, на социјалните мрежи се огласија и докажаните фолкерки Елена Велевска и Татијана Стефановска.

– Јас сум шокирана од тажната вест. Тешко е да се пронајдат вистинските зборови во ваков момент – напиша Велевска.

И нејзината колешка Стефановска изрази сочуство до фамилијата.

– Ужасно тажно. Со неверување се простуваме од тебе. Почивај во мир – напиша таа.  

Мехмеди го загуби животот местејќи антена на покрив. Беше син единец и е татко на две мали дечиња.

Можеби ќе ве интересира:

Лекарите открија: Пред вирусот да се развие, се појавува овој симптом!

Следни Објави

Не сум гневен на родилката: Докторот што се зарази разочаран од колегите

Докторот позитивен на Ковид-19 кој се зарази од родилката конечно се огласи за целата ситуација. За порталот „Фронтлајн“ тој вели дека не е толку гневен на пациентката. – Секој си бара решение. Ќе лаже, ќе манипулира, сè ќе направи. Меѓутоа, во време на пандемија, во вонредни услови, некои права се […]