fbpx

Веќе сум Македонка, родителите на маж ми ме викаат Емче

Уникатна љубовна приказна

Ем Вандера е македонска снаа која слетала во Скопје од далечната Кенија. Со сопругот Михајло Блажески се запознала преку Интернет, а кога првпат се виделе во живо, знаеле дека нивната приказна ќе биде бескрајна.

„Во 2016. година го запознав мојот згоден, интелигентен, паметен и грижлив сопруг. Всушност, се запознавме на многу интересен начин, онлајн, поточно преку инстаграм. Сѐ започна со мал комплимент, кој потоа водеше кон деноноќни разговори. Во периодот кога почнавме да комуницираме, работев во Тајланд како учителка во средно училиште, а Мики беше во Скопје. Во еден момент дури и престанавме да комуницираме, речиси четири месеци затоа што се плашевме дека почнуваме да се вљубуваме еден во друг, а далечината беше преголема, па не знаевме како тоа  би можело да функционира. Сепак, после четири месеци повторно почнавме да комуницираме и од тој ден не престанавме да се допишуваме сѐ додека Мики не дојде за првпат во Тајланд, во декември 2017. и тогаш започна нашата приказна без крај“, ја почнува својата љубовна и животна приказна сега веќе скопјанката Ем.

И додека ширум светот сѐ повеќе се шират антирасистичките протести, Ем живее во љубов со своето бело семејство и едвај го чека денот кога тие конечно ќе се спојат со нејзините родители. Според неа, никој не се раѓа како расист, за тоа е виновен начинот на кој некои родители ги воспитуваат своите деца.

Целата приказна можете да ја прочитате на порталот „Мајка и дете“.

Следни Објави

Се самоуби Виолета, реномирана докторка за естетска хирургија

Реномирана белградска докторка специјализирана за пластична хирургија денеска е топ-тема во регионалните медиуми. Д-р Виолета С.А. се самоуби со нож нанесувајќи си смртни повреди во пределот на градите, јавуваат српските портали. ВЕЌЕ СУМ МАКЕДОНКА, РОДИТЕЛИТЕ НА МАЖ МИ МЕ ВИКААТ ЕМЧЕ Според информациите до кои дојдоа медиумите, таа синоќа се […]