fbpx

Лесни се за употреба: Ангелков за првите македонски паметни респиратори

Паметна респираторна машина е последната иновација на кавадаречкиот иноватор Димитрија Ангелков, кој е познат и по неговите иновации: паметна интерактивна училишна табла, филтер за прочистувачи со стерилизатори за училишта, паметни канти за селекција на отпадот, а во последниот период и по визир маските за заштита од коринавирусот. Неговата најнова иновација – смарт респиратор е стара идеја, која неколку години го чекала вистинскиот момент. Интензивно се развива во последните неколку месеци откако започна светската пандемија на Ковид 19. Ангелков и неговиот тим се одзваа на јавниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој за иновативни решенија за справување со последиците од Ковид 19 и развија прототип на лесна, мала и лесно пренослива респираторна машина, со која сакаат да бидат опремени сите амбулатни возила во земјава. Изработена е претежно од пластични делови, а лесна е и за одржување и целата може да се стерилизира со помош на гас за стерилизација, пишува порталот „Иновативност.мк“.

Прототипот на респираторот е веќе готов и се усовршува, а истовремено се изработуваат уште 19 исти машини. Тимот, во моментов се соочува со проблем за сертификација на иновацијата, бидејќи кај нас нема соодветна лабораторија, а Ангелков вели дека штом се отворат границите респираторната машина ќе биде сертифицирана во Љубљана, Словенија, каде што има лабораторија за медицинска опрема.

За паметен респиратор кој користи амбу маска, размислуваме подолго време. Основата на идејата се базира на трудот направен во 2001 година „Управување на пропорционален електронски пневматски вентил“ во кој се објаснува како со тој вентил може да се подесува протокот и притисокот на воздух влез на машината. Моторите создаваат електромагнетно зрачење кое пречи на многу медицински апарати, ја ограничува можноста за користење на респораторот и создаваат бука. Таквите решенија не ги поминуваат медициските тестови, за разлика од компресорите за воздух кои можат да стојат во било која просторија и на било кое растојание од пациентите. Планираме да ги повикаме општествено одговорните компании да ни ги покријат трошоците само за материјалите, за да можеме да изработиме што поголем број паметни респиратори. Како стигнуваат деловите кои ги набавуваме од целиот свет, ќе се работат и респираторите. Најголемиот број од деловите се пластични, па заради тоа е и практичен и лесен за употреба и носење. Цената за производство е 500 евра за сите составни делови, па е лесно да се произведува масовно“, посочува Ангелков за „Иновативност.мк“.

Следни Објави

Дури 9 починати, нови 162 заразени без резултатите од Филип Втори

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19. – Скопје 92– Куманово 3– Дебар 5– Штип 1– Прилеп 2– Тетово 32– Струга 3– Охрид 4– Гостивар 2– Гевгелија 1– Струмица 1– Крива Паланка 1– Свети Николе 1– Ресен 14 СЕ САМОУБИ ВИОЛЕТА, […]