fbpx

Почнуваат Петровденските пости: Воздржете се од овие работи!

Почнуваат Петровденски (апостолски) пости кои ќе траат до 11 јули. Овие пости се востановени во чест на светите Господови апостоли Свети Петар и Свети Павле, односно Петровден на 12 јули и Павловден на 13 јули.

Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.

Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела.

Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата. Во среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло. Понеделник, вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба.

Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

Следни Објави

„Виз ер“ ја продолжува суспензијата на сите летови од и до Македонија

„Виз ер“, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна  и Источна Европа, денес најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Македонија, авиокомпанијата ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 13 јули. Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови […]