Реномирана белградска докторка специјализирана за пластична хирургија денеска е топ-тема во регионалните медиуми. Д-р Виолета С.А. се самоуби со нож нанесувајќи си смртни повреди во пределот на градите, јавуваат српските портали.
ВЕЌЕ СУМ МАКЕДОНКА, РОДИТЕЛИТЕ НА МАЖ МИ МЕ ВИКААТ ЕМЧЕ
Според информациите до кои дојдоа медиумите, таа синоќа се заклучила во купатилото додека нејзиниот сопруг и нивниот син биле во станот. Кога приметиле дека долго ја нема, ја разбиле вратата и затекнале стравична сцена. За жал, веќе било доцна и лекарите околу 12:30 по полноќ констатирале смрт.
НОСЕТЕ МАСКИ, НЕ ПАРТАЛИ ЗА ГАЌИ: МАТИЧНА ОД СКОПЈЕ СЕ БОРИ ДА Ѝ ПРИМАТ ПАЦИЕНТ
Д-р Виолета била член на повеќе здруженија и асоцијации, како во Србија, така и ширум светот. По специјализацијата знаењето го усовршувала на реномирани клиники во Америка, Грција, Русија, Италија и во Бразил. Учествувала на бројни европски и светски конгреси и е автор на преку 40 научни труда.