Тешко е, но морам да продолжам понатаму заради тебе, бидејќи ти беше човек кој секогаш одеше напред. Морам и заради нашите деца, бидејќи ти веруваше во мене. Со оваа емотивна порака се прости Наташа Мелоска, сопругата на прерано починатиот диџеј Ицко на социјалните мрежи.
Миленикот од клупската сцена починал синоќа на Инфективната клиника во Скопје. По потекло беше од Галичник, а неговиот близок пријател Александар Костиќ, инаку претседател на Месната заедница во Галичник, за „Фокус“ откри детали од неговата битка со Ковид-19.
– На трети јуни се појавија првите симптоми, па беше подобар потоа, дома. На седми беше хоспитализиран. Информациите кои доаѓаа беа лоши, но сите верувавме дека ќе издржи, дека ќе се спаси.. Зад себе остави сопруга, две деца, Матеј и Јована. Пред 11 дена Матеј славеше полнолетство. Ицко беше млад човек, полн со живот. Ова е шокантен потсетник дека болеста не бира по никој основ – раскажа Костиќ за „Фокус“.
Можеби ќе ве интересира:
Сите што се молеа за син ми, Господ да ги поживее: Татко од Прилеп со потресно сведоштво
Моето дете е вонбрачно, не сум се мажела: Сузе проговори за животната драма