fbpx

Соња доброволно помага на Инфективна: Умираат на раце молејќи за кислород

Ви пишувам директно од местото на настанот – Инфективна клиника. Доброволно се пријавив да помогнам на персоналот, кој веќе е исцрпен и работи со последните резерви. Имам многу работи видено, но ова што се случува на Инфективно нема збор да се опише. Пациентите се борат за воздух… значи, за воздух. Човек умира на раце и моли за кислород. Секој дава сѐ од себе, терапија до вселената. Колку човек и да е отпорен, не може да не потклекне и да не се соживее. Глетката и плачот на семејствата немаат цена, а нема ден да помине без смртен случај. Тешко е…многу е тешко…но, има некоја волшебна енергија која дава сила. Сите работат како допрва да треба да се докажуваат за вработување. Премногу се вредни, сплотени, единствени, човечни. Генијални се.

П.С. Само овде денот трае подолго од 24 часа. Се поклонувам пред персоналот кој не знае во кој круг на пеколот се наоѓа. Моето срце чука заедно со вашите. 

Фејсбук-статус на Соња Христовска

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Споделете: Да ѝ помогнеме на Лидија Ристевска!

Лидија Ристевска боледува од прогресивна мултиплекс склероза. Таа минатата година, во декември ја направи првата трансплантација во Москва со која и било олеснато дишењето и вратен сензибилитетот кој скоро воопшто го немала. Со помагало сега може да стои, но не и да се движи. За да Лидија ги врати сите […]