fbpx

Беше голем, помагаше секому: Шок и неверување по смртта на Атанас Ковачевски

На 50 годишна возраст почина Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН, поранешен новинар и презентер. Блиски пријатели и колеги со неверување се простуваат од него на социјалните мрежи.

„Не е можно“, напиша ТВ-презентерката Гордана Ѓорчева.

Жаре Бербер итно хоспитализиран

Емотивна посвета има и Вики Ристовска Чадиковска.

– Требаше заедно да се вратиме во радио, да правиме емисија за душа. Така се договаравме. Ах бре Ацика. Каде толку брзо. Нека ти е светол патот. Душата нека ти го најде спокојот. Сигурна сум дека на небото ќе им ја одбираш најубавата музика на ангелите со твоите емотивно силни најави. Многу ми е жал. Многу, другарче – напиша таа на „Фејсбук“.

Соња доброволно помага на Инфективна: Умираат на раце молејќи за кислород

Наташа Стојановска од „Телма“ пишува дека бил вистински другар.

– Вчера ми се јави, бараше контакт од некој кој објавувал дека студенти се исклучени од струја. Сакаше да види што е проблемот. Да го реши! Пред неколку дена ме побара да искоментираме за дрес код, а зборуваше и за плановите за куќата, за децата. Многу планови остави незавршени… Беше голем човек, секогаш помагаше секому – пишува таа.

„Голем загуба, сочуство до семејството“, напиша Коста Петров.

Веста со неверување ја прими и водителката на „Канал 5“, Милена Антовска Станковска.

– Беше еден од оние кои ми подадоа рака кога прв пат дојдов во Канал 5. Се понуди да ме научи како да се изразувам на телевизија и да ме научи на правилна дикција. Последен пат се видовме на линк (во време корона). Ти благодарам Атанас за сѐ. Почивај во мир. Сочувство до семејството. Жално, многу жално… – вели Милена.

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Љубовта им цвета: Џамбазов ја објави најемотивната фотографија

Следни Објави

Жаре Бербер итно хоспитализиран

Познатиот пејач и водител на ток-шоу емисии Жарко Богатинов завршил во болница, пишува порталот „Галама.клуб“. Жаре Бербер смирува дека не е заразен од Ковид-19. „Корона не е. Од рентгенот знам дека 2-3 ребра се скршени, за друго ќе видиме. Да се опоравам, за неколку денови ќе ви ги раскажам деталите“, вели […]