fbpx

Уште 6 починати, бројот на заразени повторно алармантен

Во последните 24 часа се направени 1227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на ковид-19.
- Скопје 100
- Куманово 11
- Дебар 1
- Штип 6
- Прилеп 1
- Тетово 19
- Струга 2
- Велес 6
- Битола 1
- Охрид 1
- Кавадарци 1
- Гостивар 1
- Гевгелија 1
- Кочани 3
- Кратово 1
- Свети Николе 1
Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката.
На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти.
- Скопје 10
- Штип 3
- Тетово 10
- Велес 1
- Битола 1
- Неготино 2
Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на ковид -19. Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4820, бројката на оздравени пациенти е 1863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2735.

Следни Објави

Моите родители не ја прифаќаат врската со Бојан: Исповед на Марија од „Ај кју“

Забранета љубов Пејачката на бендот „Ај Кју“, Марија Ивановска, неодамна првпат отворено проговори за нејзината тажна животна приказна. Таа со години има формален однос со своите родители бидејќи, како што објаснува, тие не ја прифаќаат нејзината љубовна врска со колегата од групата, Бојан Трајковски. – Мора да признаам дека нашиот […]