fbpx

Не успеав да се заштитам: Шилегов позитивен на Ковид-19

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов е позитивен на Ковид-19. Тој веста ја објави со емотивно обраќање на неговиот профил на „Фејсбук“. Ви го пренесуваме во целост.

„Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19.

Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому.

Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализирање.

Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.

Чувајте се и чувајте ги другите околу вас.“

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Годините се само број: Д-р Вело Марковски има двојно помлада сопруга

Следни Објави

Рекорден број починати, нови 185 заразени

Во последните 24 часа се направени 1364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19. – Скопје 96– Куманово 2– Дебар 18– Штип 4– Прилеп 1– Тетово 14– Струга 20– Велес 2– Битола 2– Охрид 7– Кавадарци 2– Гостивар 2– Крива Паланка 1– Пробиштип 1– Свети Николе 2– Кичево […]