Во последните 24 часа се направени 1364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 96
– Куманово 2
– Дебар 18
– Штип 4
– Прилеп 1
– Тетово 14
– Струга 20
– Велес 2
– Битола 2
– Охрид 7
– Кавадарци 2
– Гостивар 2
– Крива Паланка 1
– Пробиштип 1
– Свети Николе 2
– Кичево 3
– Ресен 8
Не успеав да се заштитам: Шилегов позитивен на Ковид-19
Починати се 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица-пациент (53г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г).
Во ОБ Куманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни. Во КБ Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент.
– Скопје 29
– Куманово 1
– Штип 4
– Тетово 2
– Велес 4
– Гостивар 1
Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на ковид-19. Во рамките на скринингот се направени 77 теста во градинки во Штип и нема позитивни резултати на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5005, бројката на оздравени пациенти е 1904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868.