Во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 36
– Куманово 2
– Штип 8
– Тетово 4
– Струга 10
– Велес 2
– Битола 2
– Охрид 13
– Гостивар 1
– Крушево 1
– Кочани 2
– Пробиштип 1
– Свети Николе 2
– Ресен 6
Клима уредите и вирусот: Д-р Ана Момировска со важна порака!
Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (90г), хоспитализиран на 15 јуни. На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64г). Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациентка (70г) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни, пациент (61г) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57г), примен на 17 јуни. На барање на семејството е испишан од болница пациент од Скопје (64г), кој починал во кола по заминувaњето. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден позитивен по приемот. Во КБ Тетово починати се две лица, пациент (60г), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70г), хоспитализирана на 15 јуни. Во ОБ Охрид вчера е починат пациент (64г), чиј позитивен резултат е потврден денес.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.
– Скопје 9
– Штип 30
– Тетово 1
– Велес 1
– Гостивар 4
– Струмица 1
– Кочани 1
– Пробиштип 1
Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5196, бројката на оздравени пациенти е 1974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975.