fbpx

Почина Христијан кој чекаше трансплантација на срце

Почина 31 годишниот Христијан Неделковски кој осум години живееше приклучен на батерии, со вградени две пумпи во срцето, интервенција која беше направена во болницата „Херцентрум“, во Берлин.

Веста дека починал ја соопштија од Националното здружение на пациенти со МП на срцето „Храбро срце“.

– Со огромна болка и жалење ве информираме дека нашиот Христијан почина, премногу изгубени години на макотрпно чекање и исполнивање на „ветувањата“ од институциите. Толку вреди еден живот кај нас, за жал, што дури 8 години ниту еден од надлежните не се потруди да помогне за да го најде својот спас надвор од нашата земја. Почивај во мир, Христијан, вечно ќе ни недостасуваш, храбро срце! – стои напишано на нивната страница на „Фејсбук“.

Неделковски во средината на мај беше примен на одделот за интензивна нега во Државата кардиохирургија, откако пумпите алармирале дека нешто се случува со неговото срце. Тој беше првиот пациент на кого му беа вградени пумпи во срцето пред осум години, а рокот на траење на овие пумпи е пет години, пишува „НоваТВ“.

Можеби ќе ве интересира:

Учителка од Неготино купи 21 срце за своите ученици и им ги однесе дома

Следни Објави

(ВИДЕО) Масовна тепачка со стапови во Облешево

Попладнево, на дождот, во Облешево мештаните со стапови се обидоа да решат извесни недоразбирања и кавги со продавачите на зеленчук кои од своите камиони секојдневно се присутни на патот Штип – Кочани. Од видеото што пристигна во нашата редакција се гледа што конкретно се случувало, пишува „Радио Кочани“ на својата […]