Некогашниот поп- пејач Маријан Стојаноски се ожени со својата долгогодишна девојка Наташа Каранџуловска. Со маски на лицето, покрај кејот на Вардар, Маријан и Наташа направија фотосесија, а сликите ги објавија на социјалните мрежи, пишува порталот „Репортер.мк“.
„Фамилија Стојаноски“, се пофали Маријан, а пријателите им честитаа и порачаа дека се многу романтични дури и во време на корона. Наташа, која е во поодмината бременост, носеше шарен фустан, а Маријан избра фармерки, кошула и палто.
Двојката се вери лани во декември.