fbpx

Најново за Ковид-19: Пациенти без овој витамин завршуваат фатално!

Речиси сите од хоспитализираните пациенти, позитивни на Ковид-19, кои имаат дефицит на витамин Д не преживуваат, покажала последната сериозна студија во Индонезија поврзана со коронавирусот, пишува „Дејли меил“.

Тамошни експерти анализирале болнички податоци на 780 лица кои биле позитивни на SARS-CoV-2 и резултатите откриле дека дури 98,9 отсто од заразените пациенти со дефицит на витамин Д под 20 ng/ml  починале.

Истражувачите предупредиле дека студијата не е дефинитивна, затоа што пациентите со високи нивоа на витамин Д биле поздрави и помлади. Овие резултати пристигнуваат откако здравствените власти во Велика Британија почнаа итно да вршат преглед на податоците за употребата на витамин Д како „спасувач на животот“ во борбата со коронавирусот.

Лекарскиот тим составен од независни експерти изјавил дека пациентите со дефицит со витамин Д имаат 10 пати поголеми шанси да умрат кога се земени предвид возраста, полот и коморбидитетите.

Следни Објави

Повикуваше да се оди на Задушница, а сега се зарази: Македонскиот пејач позитивен на Ковид-19

Македонскиот пејач Спасен Силјаноски преку социјалните мрежи откри дека е позитивен на Ковид-19. Фолкерот кој неодамна застана во поддршка на митрополитот Агатангел во неговиот повик да се оди на Задушница и покрај забраните, сега и самиот се зарази. – Не е грев да се добие Ковид-19, бидејќи не знаеме кој […]