Македонскиот пејач Спасен Силјаноски преку социјалните мрежи откри дека е позитивен на Ковид-19. Фолкерот кој неодамна застана во поддршка на митрополитот Агатангел во неговиот повик да се оди на Задушница и покрај забраните, сега и самиот се зарази.
– Не е грев да се добие Ковид-19, бидејќи не знаеме кој го носи, но грев е да се прикрие доколку се има и да се заразат твоите блиски роднини и пријатели. Затоа, поради моја морална и етичка одговорност ви го соопштувам ова – објави пејачот.
Познато е дека Силјаноски неодамна се сретнал со неколку свои колеги. Но, како што велат извори блиски до него, тој се заразил ден после средбата со колегите, наводно од здравствен работник. Пејачот засега нема потешки симптоми и е во самоизолација, пишува порталот „Музика24“.
Можеби ќе ве интересира:
Најново за Ковид-19: Пациенти без овој витамин завршуваат фатално!