Веста за прерано згаснатиот живот на претседателот на РК Преспа, 40-годишниот Илија Котевски, ги вознемири неговите сограѓани во Ресен. Илче кој почина од Ковид-19 беше спортист, вработен како келнер во локален објект, сопруг и татко на две малолетни деца.
Негови пријатели, сограѓани и колеги масовно се простуваат на социјалните мрежи. Градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, за ,,Фокус“ раскажува за големата загуба.
– Ресен е вечерва завиен во црно! Веста сите не потресе, нашиот Илчо беше народен човек кој направи многу за општината, за младите, за спортот… Тука беше секогаш да помогне, имавме одлична соработка. Им беше посветен на децата, на младите спортски таленти, знаеше како да ги мотивира, се вложуваше максимално. Ја иницираше идејата да се обнови спортската сала, неговиот предлог веднаш без двоумење го прифатив. Добивме помош и од Агенција за млади и спорт, се радувавме на денот кога свечено ќе ја отвориме салата… Судбината сакала тој да не го дочека тој ден – раскажува, меѓу другото, Гошаревски.
Целата приказна прочитајте ја на „Фокус“.
Можеби ќе ве интересира:
Додека се пораѓала, починало детето на сестра ѝ: Семејната трагедија на познатата пејачка