Раперот Хјуи од Сент Луис е убиен во пукање во кое е рането уште едно лице, соопштија тамошните власти.
Полицијата во соопштение за медиумите наведува дека инцидентот се случил пред 23 часот во четвртокот, пренесува АП.
Хјуи (32) стана познат по синглот Pop, Lock & Drop It од 2006 година, а видеото за оваа песна има преку 50 милиони прегледи на „јутјуб“.
Момчето на 21 година кое е рането е хоспитализирано и не е во животна опасност.