Тинејџерите во Индија, но и бројни обожаватели ширум светот се во шок по информацијата дека се самоубила Сија Какар, ѕвезда од социјалната мрежа „Тик Ток“.
Телото на 16-годишната девојка е пронајдено во нејзината соба во Делхи, а според неофицијални информации животот си го одзела со бесење.
Коронавирусот тешко опстанува во организмот со овие витамини!
Блиски пријатели и соработници на Сија велат дека не приметиле промена во нејзиното однесување и дека со нејзината менаџерка требале наскоро да ги соопштат детаљите за новиот проект на кој работела, а тоа е снимање на песна.
Таа стана позната на најактуелната платформа во моментов со нејзините видеа на кои танцува, а ја следеле повеќе од милион луѓе.