Израелската компанија Olvitech разви нова генерација на маски за лице. Со изгледот не отстапуваат од класичните хируршки маски за една употреба, освен со бојата, но и материјалот од кои се изработени, а истиот содржи бакар оксид со антивирусни и со антибактериски својства.
Маските ќе можат да се употребуваат повеќекратно додека физички не се уништат или натопат со вода.
– Станува збор за маска која може да се носи до три часа, а потоа треба да се оптегне на рамна површина околу 40 минути за својствата да се неутрализираат. Истражувачите кои ја осмислиле планирале да ја носат лекарите, а ја развиле со помош на истата технологија која се користи за завоите и за друга медицинска опрема – објаснила Марија Остерман од компанијата Rinigard.
Коронавирусот тешко опстанува во организмот со овие витамини!
Таа смета дека ова решение е поевтино и поисплатливо. Во Хрватска наскоро треба да притигнат од 10 до 20 илјади парчиња, а поединечната цена ќе им биде околу 350 денари.