Во зборовите на Далај Лама се кријат сите мудроси на овој свет
Во едно интервју, големиот Далај Лама го прашале што најмногу го изненадува на овој свет и што е суштината на животот. Неговиот одговор ќе ве натера да застанете и да размислите за патот по кој чекорите..
„Она што најмногу ме изненадува е човековата природа. Луѓето го жртвуваат своето здравје за да заработат пари. Потоа парите ги трошат за да си го подобрат здравјето. Луѓето толку многу се грижат за иднината што речиси и да не уживаат во сегашноста. Всушност, тие не живеат во сегашноста или во иднината, живеат како да никогаш нема да умрат, а потоа умираат како никогаш и да не живееле“.
Имал три желби пред да умре: Сите ги оставил без збор!
Живееме многу чудно и нелогично. Одиме на работа којашто не ја сакаме за да заработиме пари кои потоа ги даваме на лекување. Кога го работите она што не можете да го издржите, тоа сериозно го нарушува здравјето. Сите тоа го знаеме, но од некоја причина цврсто веруваме дека парите можат да поправат сѐ.
Застанете и размислете! Со парите не можете да купите ниту здравје, ниту среќа. Тоа е единствената вистина за која треба да размислите. Суштината на животот е да се биде среќен.
Живеј денес, бидејќи „вчера“ помина, а „утре“ може и нема да биде: 20 правила за среќен живот
Сепак, сите наши мисли се преокупирани со материјалното. Понекогаш се чини дека сме на оваа Земја само за да работиме и да заработуваме. На некој начин изгледаме како робови, само што тоа не го разбираме.