Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 57
-Куманово 10
-Дебар 1
-Штип 13
-Прилеп 7
-Тетово 19
-Струга 3
-Велес 4
-Битола 1
-Охрид 5
-Кавадарци 1
-Гостивар 6
-Пробиштип 2
-Свети Николе 2
-Ресен 1
Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа четворица – двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.
Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се исто така четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години.
Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година.
Во Гостивар е починат пациент на 70 години.
Во Тетово е починат пациент на 62-годишна возраст.
Во Институтот за белодробни заболувања за деца- Козле почина пациентка од Скопје 83 години, потврдена позитивна денес.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од:
-Скопје 42
-Штип 40
-Прилеп 1
-Тетово 16
-Велес 1
-Гостивар 5
-Кочани 2
-Пробиштип 3
-Свети Николе 2
Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.