Македонија не се најде на листата земји на чии државјани ќе им биде дозволен влез во Европската Унија кога таа повторно ќе ги отвори своите надворешни граници в среда, јавува порталот „СДК“.
Иако Брисел претходно најави дека планира на 1 јули да ги отвори европските граници за земјите од Западен Балкан, на листата на 14 „безбедни“ држави од регионот се најдоа само Србија и Црна Гора. Покрај нив, влез во ЕУ ќе им биде дозволен и на државјаните на Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.
Од ЕУ најавија дека листата ќе се ревидира на секои две недели.