fbpx

Помагаше и кога немаше за себе, по два абортуси стана мајка: Животната приказна на Тамара Грујиќ

Омилениот лик од ТВ-екраните, Тамара Грујиќ, живее еден сосем обичен, но исполнет живот и се труди што повеќе луѓе во целиот регион да бидат среќни

Тамара Грујиќ е родена 1977 година во Белград. Нејзините претци по мајчина страна се по потеклно од Херцеговина и Хрватска, а по татко од Војводина. Пораснала на Вождовац со помладата сестра Катарина. Завршила основно музичко училиште. Била претседател на класот, играорка во културно-уметничкото друштво „Абрашевиќ“, тренирала одбојка во „Црвена Ѕвезда“ и пеела во хорот „Обилиќ“.

По завршувањето на средното училиште сакала да студира Историја на уметност, но татко ѝ сметал дека од тоа нема „леб“, па го послушала и се запишала на правниот факултет во Белград. Во трета година се префрла на менаџмент и дипломира економија на Универзитетот „Мегатренд“.

И покрај добрите почетоци, во едно интервју ќе каже дека била премногу срамежлива и прилично несигурна во себе. Така се чувствувала и кога почнала да работи на БК телевизија, а комплетно се ослободила од тремата дури со снимањето на „Работна акција“. Нејзиното дваесетгодипно искуство на екраните ѝ помогнало емисијата да има неверојатна гледаност.

Токму за време на реализацијата на еден телевизиски проект го запознала и својот сегашен сопруг Вук Ѓоковиќ кој бил менаџер на локацијата, а Тамара била задолжена за кастингот. Набрзо се спријателиле, а потоа и се вљубиле. Во тој момент Ѓоковиќ завршувал со студии по продукција на Факултетот за драмски уметности во Белград, а Тамара со студиите по економија на „Мегатренд“.

Набрзо почнале заедно и да живеат, а се венчале после година и пол врска. Одлучиле да се венчаат за време на едно летување во Шпанија. Вук сакал интимна венчавка, а Тамара свадба со 200 гости, па на крајот се одлучиле за трета опција – интимна венчавка на Гибралтар. Како што и самата водителка во една прилика кажа, тоа било незаборавно искуство.

Сопругот на Ѓрујиќ од 2015 година отвора своја продукциска куќа која технички застнува и зад проектите на Тамара. „Работата со брачниот партнер понекогаш може да биде и голем предизвик, но во нашиот случај е олеснителна околност бидејќи и приватно и работно поминуваме повеќе време заедно“, појаснила водителката.

За сопругот вели дека, за разлика од неа, е сталожена личност и дека тоа е добра особина за бизнисот. Истакнува дека ја привлекол со специфичниот хумор и дека тоа што сѐ уште успева да ја насмее е „непроценливо“ и „клучно за успешен брак“. Додава дека Вук многу посмирено прифаќа некои работи и дека живее со неверојатна леснотија.

Двојката со години пробувала да добие дете. Водителката во една прилика сосем искрено проговори дека првпат останала бремена кога почнале да живеат заедно, но дека го изгубила бебето. Втората бременост морала да ја прекине поради продукцијата со која тогаш почнувала да работи.

Никогаш од јавноста не ја криела својата голема желба да се оствари како мајка, па, како што изјави во една прилика, Господ на крајот ги благословил со дете.

„Јас и Вук долго време сакавме да станеме родители, а откако почнавме да работиме на терен, имав во предвид дека еден ден, здравје, ќе останам бремена. Затоа веднаш почнав да размислувам како ние како екипа би функционирале во тој случај. На крајот на секоја сезона снимавме неколку емисии однапред. Минатата зима со Вук видовме дека имаме доволно материјали за да на пролет, без оптеретувања од таа страна, пробаме со вештачко оплодување. Сметајќи дека за тоа ќе бидат потребни неколку месеци, бевме потполно опуштени. Баш во тој период Господ нѐ погледна и јас останав бремена сосема природно“, раскажа Тамара за „Стори“ минатата година.

Овие денови гледачите на емисијата „Со Тамара во акција“ може да ја видат и малата Ленка, која гордата мајка ја носи со себе на терен, снимајќи нови епизоди.

Пријателите на Тамара кажуваат дека таа е многу дружељубива личност, голем љубител на спортот, особено автомобилизмот. Сепак, нејзина најголема страст е театарот. Во една прилика изјави дека цела плата би можела да ја потроши на гледање претстави.

Во едно интервју признава дека тешто поднесува неправда и дека искреноста, почитта, работливоста и упорноста се особини кои ѝ ги всадиле нејзините родители. Цврсто е убедена дека сѐ во животот се враќа и верува дека ако дава, дупло ќе ѝ се врати. Затоа и не е чудно што снима и продуцира емисија од хуманитарен карактер.

Иако со сопругот обезбедиле дом за многу семејства, Тамара и Вук, немаат свој стан и со години живеат под кирија.

Следни Објави

Црн понеделник: Рекорден број починати во еден ден!

Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 57-Куманово 10-Дебар 1-Штип 13-Прилеп 7-Тетово 19-Струга 3-Велес 4-Битола 1-Охрид 5-Кавадарци 1-Гостивар 6-Пробиштип 2-Свети Николе 2-Ресен 1 Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца […]