Повеќе бугарски медиуми информираа за смртта на гевгеличанката Спаска Митрова која по тешко боледување пред два дена починала во родниот град.
Жалење изрази и Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, со посебен статус на „Фејсбук“.
– Со тага ја примив веста за трагичната смрт на Спаска Митрова. Таа беше пример на извонредна бугарска мајка која и покрај притисокот не се откажа од себе и од нејзиното семејство. Дозволете ми од мое и од име на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија да го изразам моето најдлабоко сочувство до семејството и роднините на Митрова. Знам дека ништо не може да ја надомести прераната загуба, но сакам да ги убедам дека Бугарија ќе продолжи да ги заштитува правата на граѓаните на Бугарија во Република Северна Македонија – напиша Захариева.
ПОМАГАШЕ И КОГА НЕМАШЕ ЗА СЕБЕ, ПО ДВА АБОРТУСИ СТАНА МАЈКА: ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ТАМАРА ГРУЈИЌ
Митрова, инаку бугарски државјанин, стана позната во јавноста по спорот со сопругот околу стрателството над ќерката. Во случајот пред неколку години се вмеша и Бугарија затоа што таа се декларираше како Бугарка. За случајот, Митрова ја тужеше Македонија во судот во Стразбур, но го загуби спорот.
Наведено е дека вечното почивалиште на Митрова е на старите бугарски гробишта. Зад себе остави четиринаесетгодишната ќерка.
ШТО ЌЕ МИ СЕ ПОЛНИ ЏЕБОВИ, КОГА СРЦЕТО МИ Е ПРАЗНО: МАКЕДОНСКА СУДБИНА ШТО ЈА ДЕЛАТ МНОГУ МАЈКИ!