fbpx

Надмината бројката од 300 починати, нови 126 заразени

Во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 во:

– Скопје 66
– Куманово 6
– Штип 15
– Прилеп 3
– Тетово 19
– Струга 2
– Велес 2
– Битола 1
– Кавадарци 4
– Гостивар 2
– Пробиштип 2
– Свети Николе 1
– Ресен 3

Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово на 56-годишна возраст. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ почината е 56-годишна пациентка од Скопје. Во болницата во Гостивар почината е пациентка на 71 година и во Прилеп пациент на 83 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.

– Скопје 43
– Штип 1
– Битола 1
– Ресен 3

Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

Следни Објави

Се забавувала во Белград, се вратила позитивна во Македонија: Позната манекенка во изолација

Наша позната старлета, модел и своевремено учесничка во популарно реално шоу е позитивна на Ковид-19, пишува „Фокус“. Неофицијално, станува збор за манекенката Александра Накова од Гевгелија која по отворањето на границите со соседна Србија, заминала во Белград. Одредени медиуми ја објавија веста дека за време на продолжен викенд била дел […]