Примени нови 18 пациенти во најтешка состојба, дури 100 се на кислородна поддршка

Само во последното деноноќие во ГОБ „8 Септември“ се примени 18 нови пациенти заразени со корона вирусот, а според директорот на болницата, д-р Христијан Костов, тие се донесени во најтешка, животозагрозувачка состојба.

За „Фактор“ вели дека веднаш по приемот на некое од одделенијата во Ковид-центарот, ваквите пациенти веднаш ги ставаат на кислородна поддршка или на респиратор.

– Ги носат со сатурација од 30 до 40, односно тоа е концентрација на кислород во крвта, што значи дека практично не можат да дојдат во воздух. Досега огромен број од колегите апелираа, а еве јас и денеска повторно ќе порачам дека граѓаните не смеат дома да се лекуваат одреден период и да чекаат да бидат донесени кога е предоцна. Од вкупниот број пациенти 100 се на кислородна поддршка, а 17 се на респиратор – вели д-р Костов за „Фактор“.

Следни Објави

Надмината бројката од 300 починати, нови 126 заразени

Во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 66– Куманово 6– Штип 15– Прилеп 3– Тетово 19– Струга 2– Велес 2– Битола 1– Кавадарци 4– Гостивар 2– Пробиштип 2– Свети Николе 1– Ресен 3 Починати се 4 лица, по […]