fbpx

Се забавувала во Белград, се вратила позитивна во Македонија: Позната манекенка во изолација

Наша позната старлета, модел и своевремено учесничка во популарно реално шоу е позитивна на Ковид-19, пишува „Фокус“.

Неофицијално, станува збор за манекенката Александра Накова од Гевгелија која по отворањето на границите со соседна Србија, заминала во Белград.

Одредени медиуми ја објавија веста дека за време на продолжен викенд била дел од најдобрите забави во Белград, кој го посетила првпат по прогласувањето на пандемијата, а и самата таа споделила фотографии од забавите на социјалните мрежи.

– Пациентката во Србија направила Ковид-19 тест, пред влегувањето во земјава, според процедурите кои беа актуелни тогаш. Резултатот беше позитивен. Таа по доаѓањето дома ги контактираше надлежните здравствени органи, самата се пријави, се наоѓа на домашно лекување. Никого од нашата земја не изложила на опасност, бидејќи веднаш по враќањето од Србија е изолирана. Во добра состојба е, ќе и биде направен контролен тест наскоро – изјави д-р Саше Олумчев од Центар за јавно здравје Гевгелија за „Фокус“.

Следни Објави

Овие луѓе со месеци ги немаат прегрнато најблиските: Филипче се огласи за инцидентот

По денешниот инцидент во Градската општа болница „8 Септември“ кога докторка беше нападната од семејство на пациентка која по неколку дена болничко лекување почина од коронавирусот, се огласи и министерот за здравство Венко Филипче. Во случајот интервенираше и полицијата која приведе неколку члена од семејството на починатата. Тие се обиделе […]