По сите тешки животни предизвици со кои се соочи, Благица Калева повторно има причина за среќа. Една од најдобрите вокалистки на домашната фолк-сцена стана баба, а радосната вест ја сподели и со пријателите на социјалните мрежи.
„За мојата најсакана внука Софија“ напиша Калева постирајќи интервју дадено за ММС.мк во кое открива дека внуката се родила на истиот датум кога пред две години триумфираше на „Фолк фест Валандово“ со емотивната балада „Горда мајка“ инспирирана токму од нејзиниот живот.
Оваа песна Калева ѝ ја посвети на ќерката Марија со која делат иста болка речиси две децении.
– Марија е мојот живот, мојата светлина во животот. За неа живеам и се борам – изјави во една прилика пејачката кога зборуваше за големата семејна трагедија која ѝ се случи пред 18 години кога во сообраќајна несреќа ги изгуби ќерката Викторија и сопругот Костадин.