Македонската манекенка Александра Накова е приведена, информира „А1он“.
Денеска на фејсбук-страната на гевгелиската Телевизија Нова беше обавено дека иако од страна на Центарот за јавно здравје, ПЕ Гевгелија, за лице било одредено мерка самоизолација, во текот на денешниот ден истото го напуштило станот, со што го прекршило решението за самоизолација.
Очигледно е дека станува збор за Накова на која ѝ е изречена казна од 700 евра и е спроведена во државен карантин.
Министерството за здравство информираше дека денес се регистрирани и два нови случаи во општина Гевгелија.