fbpx

Често доаѓаше во Скопје, имаше афери и со жени: Каде е ѕвездата од 90-те?

Сите се сеќаваме на хитовите „Од кад те нема“, „Варалица“ и „Лажи ме“, но ретко кој се сеќава на неа. Алка Вуица која во 90-те често доаѓаше во Скопје и редовно ги полнеше дискотеките денес има 58 години.

Во нејзината Хрватска сѐ уште ја има во медиумите, но години наназад повеќе внимание привлекува со начинот на живот, отколку со музиката.

Со нејзината појава ја интригираше јавноста и пред дваесетина години кога беше вистинска ѕвезда во поранешните ју-републики. Никогаш не го криеше бурниот приватен живот, а во едно интервју призна дека имала афери и со неколку жени.

Како што самата изјави, во 80-те тоа било многу модерно.

– Не можеше да важиш за популарен лик ако не си имала пријателка со која си се галела. Никогаш не сум била вљубена во жена, но имав искуство со нив. И тоа преубави искуства. Јас сметам дека сите луѓе се бисексуални и дека повеќето односи се темелат на сексуалноста. Имам пријателки кои никогаш не ме привлекле, но и жени кои веднаш ме привлекле како и јас нив – раскажа таа.

Следни Објави

Лекарите предупредуваат: Ова се новите симптоми на коронавирус!

Освен за досега познатите симптоми како покачена температура, главоболка и губење на чувството за мирис, Светската здравствена организација (СЗО) предупредува за уште три нови, како што велат, карактеристични за коронавирусот.  Од СЗО информираат дека е потребно да се тестираат поединци кои имаат недостаток од воздух затоа што е еден од […]