Освен за досега познатите симптоми како покачена температура, главоболка и губење на чувството за мирис, Светската здравствена организација (СЗО) предупредува за уште три нови, како што велат, карактеристични за коронавирусот.
Од СЗО информираат дека е потребно да се тестираат поединци кои имаат недостаток од воздух затоа што е еден од главните симптоми на Ковид- 19. Уште еден од симптомите е болка во градите и очен притисок. Исто така, ако имате потешкотија во говорот или проблем со координација на движењето на телото треба итно да се обратите кај матичниот лекар.
Некои од заразените најверојатно ќе развијат поблага клиничка слика која не бара хоспитализација, но кај потешките симптоми се вклучува и тешко или отежнато дишење, губење на здив, болка во градите и проблем со движењето на телото, информираат од СЗО.