fbpx

До шест пати позаразен: Нов мутиран вирус се шири низ светот!

Мутирана верзија на коронавирус се шири низ светот, покажа новата студија објавена во списанието „Сел“. Според истражувањето спроведено во лабораторија, оваа мутација би можела полесно да се пренесува кај луѓето во реалниот свет во споредба со претходната варијанта, но тоа сè уште не е докажано.

Научниците од лабораторијата Лос Аламос во Њу Мексико и Универзитетот „Дјук“ во Северна Каролина откриле дека сегашната варијанта наречена D614G има мала, но моќна промена во протеинот што се издига од површината на вирусот и дека вирусот ја користи за да ја пробие и зарази човечката клетка.

Експертите анализирале податоци од речиси илјада британски пациенти хоспитализирани поради Ковид-19 и откриле дека оние со таа верзија на вирусот имаат поголема концентрација на вирусни честички во организмот, но тежината на нивната болест не била различна. Лабораториските експерименти наводно покажале дека оваа верзија на вирусот има три до шест пати поголема способност да зарази човечка клетка.

Следни Објави

Крвната плазма не го спаси: Штипјанец почина на 34 години

Триесет и четиригодишен штипјанец кој бил хоспитализиран неколку дена во Скопје, починал од коронавирусот. Тој бил на респиратор некое време, јавува „Слободен печат“. За овој пациент на социјалните мрежи беа упатени бројни апели за дарување крвна плазма. Таа беше пронајдена, но не успеа да го спаси младиот живот. Пациентот е […]