Децата заразени со Ковид-19 наместо респираторни, може да развијат невролошки симптоми, стои во најновото истражување. Наодите доаѓаат откако експертите претходно идентификуваа врски со коронавирусот во нова и посебна состојба кај децата.
Во отсуство на респираторни симптоми, децата со Ковид-19 може да имаат невролошки симптоми кои го вклучуваат и централниот и периферниот нервен систем, пишува во студијата објавена во JAMA Neurology.
Во студијата биле опфатени пациенти помлади од 18 години со инфекција Sars-CoV-2 и невролошки симптоми примени во детската болницата Great Ormond Street Hospital for Children во периодот помеѓу 1 и 8 мај 2020 година.
Од 27 деца со коронавирус, четири кои претходно биле здрави имале новонастанати симптоми. Симптомите вклучувале оштетување или заболување на мозокот, слабост на мускулите и намалени рефлекси информираат британските медиуми.