fbpx

Седум починати, бројот на заразени сѐ уште алармантен

Во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на Ковид-19 во:

-Скопје 71
-Куманово 15
-Дебар 1
-Штип 10
-Прилеп 5
-Тетово 20
-Струга 3
-Велес 1
-Битола 3
-Охрид 10
-Гостивар 14
-Пробиштип 4
-Македонски Брод 1
-Кичево 2
-Ресен 5

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починат е пациент (55г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти (68г) и (63г).

Во болницата во Кавадарци почина пациент од Неготино (56г), во болницата во Кочани пациент (56г).  Во Куманово се починати двајца пациенти на возраст 71г и 79г.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од:

Скопје 97
Штип 11
Тетово 3
Велес 2
Битола 2
Струмица 1
Ресен 11
Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583.

Следни Објави

Астролошки феномен на 5 јули: Големи промени за овие знаци!

На 5 јули освен затемнување, нѐ очекува и полна Месечина во знакот на Јарецот – природно десетто поле во зодијакот, поле на кариери, професии, репутации, статуси во општеството, деловни и социјални активности.. Затемнувањето на Месечината често создава емоционални проблеми, стравови, грижи, депресија и нервоза неколку дека пред и по овој […]