Иван Огњановски, 54-годишниот скопјанец со кој се испиша историја во македонското здравство, го живее својот втор живот. Првиот пациент што доби срце од починат донор секој ден на ехо ги слуша отчукувањата.
„На ехо ме ставаат и слушам дека не е пластика или некоја играчка“, вели Огњановски.
Раскажува дека има три сестри, Маријана, Елена и Бојана, кои на смени се 24 часа со него. Има една голема желба кога ќе излезе од болница, кога ќе оздрави да се запознае со Диневи.
– Јас сум член на нивното семејство – порачува тој.
Прилогот на телевизија „Сител“ погледнете го во продолжение: