Инфекцијата е раширена во сите делови на градот и нема познати кластери, порача д-р Александар Стојанов, директорот на Центарот за јавно здравје Скопје за телевизија „Сител“.
Тој информира дека во моментов метрополата е најголемото жариште со 2.010 активни случаи и дека сега е потешко затоа што со кластери полесно се менаџира ширењето.
– Сега на респиратор завршуваат сѐ повеќе млади луѓе – открива тој.
Д-р Стојанов додава дека ако на почетокот на пандемијата во најголем ризик биле повозрасните и хроничните пациенти, сега и помлади и здрави луѓе заболуваат во тешки форми.
– Вирусот овие четири месеци мутирал за да опстане. Кај некои е агресивен, кај други е во поблага форма – вели тој.