Д-р Срѓа Јанковиќ објасни во кој момент PCR тестот може да покаже дека е негативен, а всушност лицето да има коронавирус. Познатиот имунолог вели дека тоа пред сѐ зависи од земениот примерок.
– Ако вирусот е присутен во белите дробови, но веќе ги напуштил горните дишни патишта од каде се зема брис, тестот во тој случај ќе биде негативен и тоа веќе се случи во пракса – вели Јанковиќ.
Тој појаснува дека секогаш постои можност тестот да потфрли, но веројатноста е многу мала. Д-р Јанковиќ дополнува дека кај луѓето кои сѐ уште немаат симптоми, а се заразени, тестот исто така може да биде негативен.
– Пред вирусот да се размножи доволно на почетокот од инкубацијата, тестот може да биде лажно негативен до крајот на заразата кога сѐ уште е присутен во организмот, но во помали количини – објаснува тој.
Д-р Јанковиќ вели дека и серолошките тестови кои откриваат антитела по оздравувањето, исто така може да потфрлат поради сензитивноста и специфичноста на Ковид-19.