Поранешниот фудбалски репрезентативец на Србија, Душко Тошиќ, утрово е физички нападнат со камења додека џогирал на Калемегдан, дознава „Објектив“.
За време на инцидентот, сопругот на музичката ѕвезда Јелена Карлеуша бил во друштво на Андреја Милутиновиќ, репрезентативен координатор за физичка подготовка и рехабилитација.
Според првичните информации, еден од напаѓачите дури извадил и нож, а наводно станува збор за тројца малолетници кои, од засега непознати причини, одлучиле да го нападнат Тошиќ.
За среќа, никој не е повреден.