Другарките Божидарка Џукиќ (23), Марија Фекете (17) и Татјана Гудиќ (15) настрадаа во ужасна сообраќајна несреќа утрово во 3 часот по полноќ на патот помеѓу Кула и Руски Крстур кога нивниот пријател Михајло Сабадош (23) изгубил контрола над возилото „Рено“, слетале од патот и се превртеле, информира српски „Курир“.
Возачот поминал најлесно, а со сериозни повреди се здобиле уште две лица на возраст од 14 и од 18 години и лекарите се борат за нивниот живот.
По несреќата е утврдено дека Сабадош го управувал возилото под дејство на алкохол, а му биле измерени 1,5 промили.
– Шест млади се враќале од приватна забава и сите биле во истиот автомобил. Сабадош бил зад воланот, а се претпоставува дека тој требало да ги однесе пријателите дома, бидејќи не биле сите од исто место. Сепак, на патот меѓу Кула и Руски Крстур, тие се превртеа и завршија во канал. Автомобилот е комплетно уништен – вели извор на весникот.
Тој открива дека Божидарка и Татјана починале на лице место, додека нивната пријателка Марија била извлечена жива, но починала во болницата во Сомбор.