fbpx

Ми зборуваше дека ќе ти доаѓам на гроб: Тамара емотивно за Влатче

Поп-ѕвездата Тамара Тодевска со емотивна посвета го одбележа денешниот ден – годишнината од смртта на нејзиниот близок колега и пријател Влатко Илиевски. Ви ја пренесуваме во целост:

„Бев да ти запалам свеќа. На твоето вечно почивалиште. Празно и пусто. Твојата слика, неколку пива и догорени свеќи. Ја пуштив од кола твојата омилена песна, се изнаплакав како дожд што лие и си продолжив.
Ми зборуваше дека јас ќе бидам таа што ќе ти доаѓа на гроб. Не ти верував. Во многу работи не ти верував. Меѓу нив е и онаа последна реченица, “Дојди Тами да се видиме, ќе ме нема за брзо”……. Ти се изнасмеав и ти реков, ќе те барам. И си отиде.Те нема. Еве веќе две години.
Нема ден да не помислам на тебе.
На Хана и раскажувам многу често за тебе и цело време и викам колку ми е жал што не те памти. На мама другарот. Најдобриот. Никој, никогаш нема да го земе твоето место, зошто ти беше единствен. Моето сино око. Мојот најверен пријател. Мојот натапиран скакулец, мојот Влатче. 
Вечна ти слава!!!“

Следни Објави

Уште четири деца хоспитализирани во Козле

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1, Свети Николе-5. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: Скопје-72, Куманово-53, […]