fbpx

Научници од 32 земји: Еве како корона се пренесува преку воздух!

Преку отворено писмо до Светската здравствена организација (СЗО), група од 239 научници од 32 земји предупредува за сериозни докази дека коронавирусот во помали честички во воздухот може да биде заразен, пишува Њујорк Тајмс.

„Без разлика дали коронавирусот се пренесува преку поголеми честички по кивање или од помали честички кои настануваат со дишење, истиот се пренесува и преку воздух и може да ги зарази луѓето кога ќе го вдишат“, велат научниците.

За СЗО овие докази засега се неубедливи.

– Неколку пати истакнавме оти сметаме дека воздушната трансмисија е можна, но за тоа не постојат цврсти, па дури и јасни докази – вели Бенедета Алегранци, директор на програмата на СЗО за превенција и контрола на инфекции.

Следни Објави

Предизвикуваат рак и многу болести, а сите ги имаме во телото

Слободните радикали предизвикуваат развој на многу болести, а со нивното влијание се занимаваат многу светски научници и нудат различни програми со антиоксиданси Што се слободни радикали, зошто се јавуват масовно и кога и дали може на нив да се делува, објаснува специјалистот по интерна медицина, д-р Ивица Јеремиќ, од Институтот […]