fbpx

Се бакнавме и излезе: Таткото на Влатко проговори за последната ноќ пред трагедијата

Влезе дома, беше во куси панталони и рече ај да се истуширам, па ќе излегувам, открива тој

Драган Илиевски-Вршац, таткото на прерано починатиот актер, пејач и музичар Влатко Илиевски, лани за „ММС.мк“ одлучи да проговори за семејната трагедија токму на годишнината од смртта на синот.

Пред три години срцето на миленикот на сите генерации престана да чука. Вршац одлучи со јавноста да сподели детаљи од кобната ноќ во интервју за порталот.

– Ние постојано бевме заедно. До последен ден бевме заедно. Се беше смеење и шега. И последната вечер бевме заедно. Влезе дома, беше во куси панталони и рече ај да се истуширам, па ќе излегувам. Облече нова маица, патики и фармерки. „А како изгледам вака? Како и да е добро ми е“ рече и се наведна да ме гушне. Се бакнавме и излезе. Помина еден саат откако излезе, јас гледав фудбал, беше светско првенство, кога одеднаш ме облеа една чудна пот. Ми се чини дека од секаде ми излегуваше пот, некое чудно чувство. Веднаш скокнав и на сопругата и реков- бргу барај го. Вртевме постојано, но не се јавуваше. Јас реков одам да го барам и излегов со автомобилот. Набргу ми се јави сопругата расплакана и ми рече – врати се дома, полицијата е на врата. Сѐ ми стана јасно – раскажува таткото на Влатко Илиевски.

Тој претходно во интерву за „Нова Македонија“ најави дека е во подготовка цеде насловено „Најдобро од Влатко“ со необјавени песни од Влатко, а откри дека се подготвува и монографија која ќе ја работи новинарот Иван Бечковиќ во која ќе бидат опфатени поважните моменти од неговата кариера.

Следни Објави

Ми зборуваше дека ќе ти доаѓам на гроб: Тамара емотивно за Влатче

Поп-ѕвездата Тамара Тодевска со емотивна посвета го одбележа денешниот ден – годишнината од смртта на нејзиниот близок колега и пријател Влатко Илиевски. Ви ја пренесуваме во целост: „Бев да ти запалам свеќа. На твоето вечно почивалиште. Празно и пусто. Твојата слика, неколку пива и догорени свеќи. Ја пуштив од кола […]