fbpx

Уште четири деца хоспитализирани во Козле

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1, Свети Николе-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: Скопје-72, Куманово-53, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-1, Гостивар-5, Пробиштип-2, Ресен-4, Неготино-1.

Починати се  5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•    Скопје 3422, активни 1960
•    Куманово 801, активни 194
•    Дебар 110, активни 58
•    Штип 390, активни 157
•    Прилеп 281, активни 51
•    Тетово 775, активни 391
•    Струга 268, активни 169
•    Велес 196, активни 42
•    Битола 62, активни 23
•    Охрид 205, активни 176
•    Кавадарци 21, активни 15
•    Гостивар 161, активни 93
•    Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•    Струмица 17, активни 9
•    Крива Паланка 17, активни 11
•    Радовиш 4, активни 0
•    Крушево 7, активни 3
•    Кочани 75, активни 22
•    Пробиштип 29, активни 18
•    Демир Хисар 2, активни 1
•    Македонски Брод 6, активни 4
•    Пехчево 6, активни 3
•    Берово 3, активни 0
•    Валандово 6, активни 2
•    Виница 4, активни 1
•    Делчево 1, активни 0
•    Кратово 5, активни 2
•    Свети Николе 47, активни 42
•    Кичево 48, активни 39
•    Ресен 122, активни 85
•    Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 894 теста се преку: ИЈЗ –544, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори) -71 и Систина со PCR метода -183. Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 122 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•    Чаир – 402
•    Аеродром – 155
•    Бутел – 170
•    Гази Баба – 201
•    Центар – 149
•    Карпош – 166
•    Сарај – 150
•    Кисела Вода – 110
•    Ѓорче Петров – 115
•    Студеничани – 107
•    Шуто Оризари – 95
•    Арачиново – 51
•    Илинден – 35
•    Петровец – 17
•    Чучер Сандево – 18
•    Сопиште – 9
•    Зелениково-8
•    Странец – 2
•    Нераспределен- 0

Следни Објави

(ФОТО) Три другарки загинаа во сообраќајка: Ваква трагедија не се памети!

Другарките Божидарка Џукиќ (23), Марија Фекете (17) и Татјана Гудиќ (15) настрадаа во ужасна сообраќајна несреќа утрово во 3 часот по полноќ на патот помеѓу Кула и Руски Крстур кога нивниот пријател Михајло Сабадош (23) изгубил контрола над возилото „Рено“, слетале од патот и се превртеле, информира српски „Курир“. Возачот […]