Постојат голем број вирусни инфекции кои потсетуваат на корона, проверете дали сте ги „закачиле“
Еден од првите симптоми на коронавирусот е детектиран на почетокот на епидемијата, уште во декември во Вухан, а тоа е покачена температура. Во меѓувреме, листата со симптоми се прошири, па така знаците дека сте се инфицирале со вирусот SARS-CoV-2 може да бидат и кашлица, дијареја, малксаност..
Во најголем број случаи (иако се испостави дека има и исклучоци), во зависност од тежината на симптомите зависи и клиничката слика. Тоа што експертите истакнуваат е дека е неопходно многу бргу да се реагира при појавата на првите симптоми и да се обратите кај матичниот лекар бидејќи, како што се уверивме, колку пациентот чека подолго, толку потешко е и лекувањето.
Температурата, еден од најчестите симптоми, сепак не мора да е знак дека сте инфицирани со коронавирус. Постојат и други вирусни инфекции кои предизвикуваат покачена температура.
АДЕНОВИРУС
Најчесто предизвикува благи респирторни инфекции. Може да се пренесе по капичен пат, со допирање на контаминирани површини, па дури и со консумирање на храна којашто ја приготвувал некој што е заразен. Забележани се и случаи кога се пренесува преку вода, како што е пливањето во базен.
Болеста најчесто се манифестира со кивање, кашлање, покачена температура и малаксаност, а кај децата може да се забележат и симптоми на тешко дишење, дехидрирање и воспаление на очите.
ЕНТЕРОВИРУС
Постојат повеќе од 70 видови на овој вирус кои напаѓаат милиони ширум светот. Се пренесува преку фекални материи, односно преку измет, па хигиената е клучна во превенцијата.
Симптомите се температура, кашлање, кивање, течење нос, но и нафрленост по телото, болки во зглобовите и во мускулите.
ПРЕХОВИРУС
Обично предизвикува респирторни и гастроинтенстинални проблеми со среден интензитет кај новороденчињата.
Симптомите се температура, иритирана кожа, пролив и рздразливост. Кај некои деца вирусот може да доведе до сериозни компликации кои можат да бидат фатални.
РОТАВИРУС
Уште е познат и како стомачен грип кој не изгледа како сериозно заболуваање, но може да биде многу опасен кај децата. Најчесто се јавува кај оние постари од една година. Најчестиот симптом е висока температура (и до 40!).