Денеска бројот на новозаразени со коронавирусот е помал и од вчерашниот, велат извори од Комисијата за зарзни болести, нагласувајќи дека резултатите се неофицијални, пишува „Фактор“.
Во Скопје, кој сѐ уште се смета за главно жариште на епидемијата со Ковид, денеска се регистрирани само 18 новоинфицирани во Центарот за јавно здравје, за разлика од вчера кога имаше 26. Се чекаат резултати и од останатите лаборатории, но, од Комисијата не очекуваат драстично поголеми бројки.
По падот на епидемиолошката крива, Комисијата за заразни болести даде препорака за отворање на вратите на базените и за рекреативно пливање, не само за спортските клубови, информира порталот.